еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои се новите заменици-министри и директори, кои ги понуди Алтернатива

Централното претседателство на „Алтернатива“ на седница ги утврди носителите на јавни функции.

За потпретседател на Собранието ќе биде предложен Хисни Исмаили, за министер за здравство Беким Сали, за министер за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити и за министер без ресор одговорен за дијаспората, Џемаил Чупи.

За заменик-министер за образование и наука е предложен Лулзим Алиу, а заменик-министер за култура, Даим Лучи.

На Централното претседателство се утврдени и имињата на неколку директорски позиции.

За директор на МЕПСО е предложен Орхан Муртезани, за директор на Клиничката болница во Тетово, Амир Елези, за директор на ПИОМ, Дритан Беџети, за директор во АД „Железници на Македонија – Транспорт“, Мубекир Палоши, за директор на Управата за водење матични книги, Блерим Абази и за директор на Агенцијата за странски инвестиции е предложен Беким Емини.

– На седницата беа избрани и носителите на некои други јавни институции, кои ќе бидат објавени деновиве, информираа од „Алтернатива“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Беким Сали, за кој Алтернатива одлучи да биде новиот министер за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осумнаесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата

Редакција

Новопочинатиот пациент од коронавирусот од Лабуништа имал претходни заболувања

Редакција

Ковачевски се сретна со украинската амбасадорка Задорожњук: Руската агресија врз Украина е закана за мирот во Европа и светот

Редакција