еМагазин
Image default
Локално

Кокаин пронајден кај девојка при акциска контрола на МВР во угостителски објект

На 30.05.2019 година околу 03.00 часот во угостителски објект, во кој била  спроведена акциска контрола, покрај автопатот Гостивар-Тетово, во непосредна близина на Неготинска клучка, полициски службеници  ја лишиле од слобода Р.Е.(29) од Скопје, информира МВР.

При преглед кај неа бил пронајден кокаин, поради што била задржана во Полициската станица Гостивар. По целосното документирање на случајот, против Р.Е. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детална листа: Градските автобуси од утре ќе сообраќаат до 21:00 часот

Редакција

Жена пријавила напад со остар предмет врз сопругот

Редакција

Над 50 претставници на компании учествуваа на бизнис-средба во Индустриска зона Визбегово

Редакција