еМагазин
Image default
Бизнис

Колкави приходи имале лани ТВ 21, 24 Вести, Наша ТВ, Сонце, Шења и Клан

Заедничките приходи на шесте телевизии кои емитуваат програма преку неограничен ресурс на ниво на целата држава (ТВ 21, 24 Вести, Наша ТВ, Сонце, Шења и Клан) изнесуваат 107,28 милиони денари и тие се најниски во периодот од последните пет години, покажува Анализата на пазарот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

-Во однос на претходната година тие се намалиле за 32%, што исто како и кај терестријалните телевизии на државно ниво се должи, пред сè, на приходите што во 2021 година ги оствариле од платено политичко рекламирање (53,66 милиони денари) и на финансиската помош што им беше доделена за покривање на надоместокот за дозволата за телевизиско емитување (15,47 милиони денари).

Во 2022 година, Агенцијата на овие телевизии им го намали за 50% надоместокот за дозволата, во вкупен износ од 7,25 милиони денари.

Компани 21-М остварила највисоки приходи во анализираната година – 49 милиони денари, односно речиси половина од вкупно остварените приходи во овој сегмент од индустријата. 24 Вести остварила вкупни приходи во износ од 38,36 милиони денари, додека приходите на останатите телевизии се значително пониски – Наша ТВ остварила 7,62 милиони денари, Шења 7,59 милиони денари, Клан 4,56 милиони денари и Сонце 0,15 милиони денари.

Од 2018 година наваму, 24 Вести од година в година остварувала се помалку приходи, кои во 2022 година биле за 2,3 пати пониски отколку во 2018 година. Во 2022 година, Клан и Шења оствариле забележително пониски вкупни приходи отколку во секоја од претходните четири години.

Компани 21-М ги намалила приходите во однос на 2021 година, но сепак остварила повеќе приходи отколку во претходните три години. 84,35% од заедничките приходи на овие телевизии биле остварени од реклами, 3,35% биле од продажба на содржини (сите средства по оваа основа, во вкупен износ од 3,59 милиони денари, ги остварила Наша ТВ), а 12,30% биле останати и вонредни приходи

Најмногу приходи од рекламирање оствариле ТВ Комапни 21-М и ТВ 24 Вести.

Во периодот од 2018 до 2021 година телевизиите остваруваа и приходи од платено политичко рекламирање, кои имаа значително различни вредности во зависност од тоа дали стануваше збор за референдум, парламентарни, локални или претседателски избори.

Во 2022 година се одржаа локални избори во општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово, а платено политичко рекламирање емитуваше само Компани 21-М за време на изборите за членови на Советот на Општина Тетово, од што остварила средства во износ од 3,47 милиони денари.

Приходите од рекламирање на 24 Вести во континуитет се намалувале, достигнувајќи најнизок износ во анализираната година (30,95 милиони денари), и тоа двојно помал од оној во 2018 година.

Забележлив е континуиран пад и на приходите од рекламирање на Шења во периодот од 2018 до 2021 година, но во 2022 година оваа телевизија успеала да оствари повеќе приходи отколку во претходните две пандемиски години.

Кај Компани 21-М овие приходи опаѓале од 2018 до 2020 година, а од 2021 година почнале да растат.

Останатите три телевизии (Наша ТВ, Сонце и Клан) имаат незначително учество во вкупните приходи од рекламирање на овој сегмент од телевизискиот пазар, стои во Анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТВ 21 лани работела со добивка, 24 Вести, Наша ТВ, Сонце, Шења и Клан со загуба

Сител, Канал 5, Алсат-М и Алфа лани работеле со добивка, Телма со загуба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалена добивката на „Факом“

Редакција

„Виз ер“ со нова чет-бот услуга: За детали за летот може да разговарате на месинџер на Фејсбук, со виртуелниот асистент Амелија

Редакција

„Балкан енерџи“ купува 10.000.000 килограми мазут за топланите во Тафталиџе, Керамидница и Кисела Вода

Редакција