еМагазин
Image default
Бизнис

Намалена добивката на „Факом“

Во периодот од 01.01.- 30.06.2019 година „Факом“ оствари позитивен финансиски резултат во износ од 556.226 денари наспроти добивката од 30.908.000 денари во истиот период минатата година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Ова се должи пред се на намалениот обем на работи и договори за работа и оваа динамика го одредува обемот и финансискиот резултат што се оствари во овој период од 2019 година. Вкупните приходи во 2019 година изнесуваат 490.203.000 денари и истите се намалени за 43% во однос на истиот период 2018 година кога изнесувале 854.860.000 денари“, информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МЕПСО вложува 4,6 милиони евра во трафостаницата „Дуброво“

Редакција

Автопатот Кичево-Охрид дупка без дно: ГИ „Македонија“ го доби тендерот за докомплетирање на проектот вреден 2,3 милиони евра

Редакција

ЕКСКЛУЗИВНО: Лидл купи земјиште и во Кавадарци

Редакција