Колку беше силен ветерот во Скопје кој предизвика голема штета, а има и повредени лица

Во Скопје вчера дуваше силен ветер, кој предизвика штета на бројни приватни и државни објекти, оштети бројни возила, а има околу дестина повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вознемирувачки снимки од невремето во Скопје

Граѓаните на социјалните мрежи коментираа дека не паметат ваков силен ветер во Скопје, а порталот 4news.mk објави дека истиот бил околу 90 километри на час, а според јачината бил Степен 9 според Бофоровата скала.

Пикот бил во периодот од меѓу 17:10 и 17:30 часот, кога според податоците од мерната станица на agro.veda.mk биле измерени 89,71 километри на час.

Во метеорологијата, брзина на ветер од 89,71 километри на час спаѓа на самата граница меѓу силен олуен ветер (Степен 9) и бура/олуја (Степен 10) според Бофоровата скала за јачина на ветерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Скопје во невремето оштетени 117 автомобили, 35 покриви, паднале 189 дрва и седум семафори, предизвикани пет пожари: Детали од МВР

15 лица се повредени како последица на невремето во Скопје

(Фото) Откорнати кровови, дрвја и бандери, блокирани улици, паднати лимови врз автомобили – силно невреме го погоди Скопје

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести