еМагазин
Image default
Бизнис

Колку вработени имаат ТВ 24, Наша, Клан, ТВ 21, Шења и ТВ Сонце

Во 2020 година, на државно ниво преку неограничен ресурс програма емитуваа вкупно шест телевизии, и тоа две преку сателит (24 Вести и Наша ТВ) и четири преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс (Компани 21-М, Шења, Клан и Сонце).

Во 2020 година, просечниот број на вработени во редовен работен однос во овие шест телевизии изнесувал 224 лица, што во споредба со претходната година е намалување за 30 лица, покажува Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

-Најголем дел од овие лица биле вработени во 24 Вести (вкупно 97).

Во Компани 21-М просечниот број на вработени во редовен работен однос изнесувал 45 лица, во Шења 35, во Клан 28 лица, а во Сонце 18 лица. Во редовен работен однос во Наша ТВ било вработено само едно лице

Во 2020 година, само кај Клан се зголемил просечниот број на вработени во редовен работен однос, и тоа за само едно лице.

Кај 24 Вести се намалил за три лица, кај Шења за пет лица, кај Компани 21-М за 23 лица, а кај Наша ТВ и Сонце останал непроменет.

На 31.12.2020 година, вкупниот број на вработени во овие шест телевизии изнесувал 335 лица. Од нив, во редовен работен однос биле 236 лица, додека пак бројот на хонорарно ангажирани бил 99, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

24 Вести, Наша ТВ, Сонце, Шења, Клан и ТВ 21 лани работеле со загуба

Колкави приходи имале лани ТВ 24, Наша ТВ, Шења, Клан, Сонце и ТВ 21

Сител, Канал 5, Телма и Алфа лани оствариле загуба, Алсат-М работела со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европа со зголемена добивка во првите три месеци

Редакција

Престанува забраната за одржување семинари, обуки, работилници, курсеви

Редакција

ЈСП Скопје ќе добие неповратна помош од 135 милиони денари за справување со ковид кризата

Редакција