еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Комеморација во чест на Горан Гаврилов во Мултимедијалниот центар на „Канал 77“ во Штип

Новинари, пријатели, македонските асоцијации, здруженија и синдикатот се простуваат од Горан Гаврилов, сопственик на „Канал 77“ и порталот Македонски медиа сервис, кој вчера почина по кратко боледување.

Неговите соработници, новинари информираат дека комеморацијата ќе се одржи денеска во 12 часот во салата на Мултимедијалниот центар на „Канал 77“ во Штип. Последното простување е во Градската капела од 14 до 15 часот.

На својот Фејсбук профил, премиерот Зоран Заев напиша: „со оваа прерана смрт изгубивме искрен и посветен медиумски работник кој со својата храброст и подготвеност да се соочува со професионалните медиумски предизвици предничеше и постави стандарди за медиумскиот бизнис и за новинарството кои ќе останат запаметени како негови дела“.

-Она што лично го знам, од моите разговори со него е дека секогаш беше на страната на новинарите. Имаше развиено и сериозен концепт и предлог иницијатива за основање на „Фонд за медиуми“ за продукција на медиумски содржини од јавен интерес, како механизам за поддршка на професионалните ангажмани на медиумските работници.

Лично ќе се заложам неговиот сон да стане јаве и ќе дадам поддршка за основање на Фонд за продукција на медиумски содржини од јавен интерес, согласно неговата основна идеја, и по примерот на неколку европски земји ќе иницирам таквиот фонд да го носи името Горан Гаврилов, напиша Заев.

Гаврилов беше и основач на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија. Учествуваше во подготовка на сите законски регулативи поврзани со медиумското работење во земјава.

Тој беше еден од најдоследните поборници за слободата на изразување и слободата на говорот, кои како што велеше, се базични слободи и права, кон кои сите треба да тежнееме.

– Ние самите моравме да се избориме за слободата на говорот, таа не е секогаш гарантирана и не треба да чекаме да ни ја даде некој друг. Таа борба мора да продолжи до крај, велеше Гаврилов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина истакнатиот медиумски работник Горан Гаврилов и сопственик на националното радио „Канал 77“

МИА/Фото: Принтскрин видео/стадион/Канал 77

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Врнежливото и студено време ќе трае до вторник

Редакција

Првите осум секунди се клучни за привлекување на вниманието, вели Петров

Редакција

Доктор Демири: Kaj невакцинираните, омикронот знае да има тешка клиничка манифестација

Редакција