Комесарот за трговија на Нејзиното Височество за Европа, Крис Бартон, во посета на „Брако“ и „Грин Машинс“ од Велес, информираат од компанијата.
Во еднодневната посета на Македонија, комесарот за трговија на Нејзиното Височество за Европа, Крис Бартон со делегација од британска Амбасадa, заменик шеф на мисијата, Јулиа Смит и директорот за трговија и инвестиции, Никола Стојаноски ја посетија фабриката „Брако“ и „Грин Машинс“ во Велес како едни од најрелевантните двигатели на македонската економија со цел да се поддржи и поттикне уште повеќе трговската и инвестициска соработка меѓу нашата земја и Обединетото Кралство кое е еден од најголемите пазари на кои се пласираат еколошките „Грин Машинс“ возила, велат од компанијата.
Бартон во својата работна посета оствари средба со главниот и извршен директор на „Брако“, проф.д-р Кочо Анѓушев и Благој Шалев, извршен директор во „Брако“.
Комесарот Бартон се запознал со производствената технологија и погоните каде што се произведуваат овие современи еколошки возила за одржување хигиена во урбани средини, чија линија само во последниве две години се збогати со три нови електрични возила и едно со погон на водород кое се уште е единствено во светот.
„Грин Машинс“ од Велес, има развиено организациска структура преку својата филијала во Обединетото Кралство, „Green Machines sweepers – UK“, со своја директна продажба, постпродажни сервисни услуги и изнајмување на опрема.
Возилата на „Грин Машинс“ беспрекорно ја одржуваат хигиената во едни од најпосетените места во Лондон како што се Central Park и областа Westminster во централен Лондон, велат од компанијата.