еМагазин
Image default
Бизнис

Комисијата за финансирање и буџет ја заврши амандмантската расправа по Предлог-буџетот за 2023 години

Собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево ја заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2023 година, со што предлогот оди во понатамошна процедура на пленарна седница на Собранието.

Во рамки на амандманската расправа беа разгледани поголем дел од амандманите поднесени од опозицијата, кои главно се однесуваа на изградба на регионални и локални патишта и водоснабдителни системи.

Министерството за финансии прифати неколку амандмани, но во видоизменета форма, а дел од предлагачите ги повлекоа своите амандмани.

За Предлог-буџетот беа поднесени вкупно 263 амандмани, од кои околу 200 од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година.

Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи, пак, се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Смени во менаџментот на фабриката Карпош

Редакција

Во март најголема побарувачка за автомобилските кредити

Редакција

Топ пет највисоки плати во Македонија

Редакција