еМагазин
Image default
Македонија

Комисиската расправа по нацрт-амандманите за промена на Уставот заврши, усвоен и четвртиот

Собраниската Комисија за уставни прашања со девет гласа „за“, пет „против“ и ниту еден „воздржан“ го поддржа четвртиот амандман на Уставот што произлезе од потребата за имплементација на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција.

Со усвојување на овој амандман Комисијата ја заврши расправата по четирите предложени нацрт-амандмани.

Со нацрт-четвртиот амандман се предлага покрај потврдување на македонскиот идентитет, да стои дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.

Пленарната седница на која треба да се разгледаат нацрт-амандманите е закажана за 1 декември.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Усвоен и третиот нацрт-амандман со кој се гарантира суверинитетот на Грција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скратување на изолација од десет на седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Редакција

Американската амбасадорка: Од Софија и други слушнавме многу агресивен јазик за ситуацијата во Македонија, кој не е заснован на факти

Редакција

Советот за безбедност на ОН ниту ќе дискутира, ниту ќе одлучува за Договорот од Преспа

Редакција