еМагазин
Image default
Бизнис

Користењето на платежни картички бележи раст и во третиот квартал од 2022

Граѓаните се повеќе ги користат платежните картички за купување. Податоците на Народната банка за третиот квартал од 2022 година покажуваат раст кај вредноста и кај бројот на остварени трансакции за 14,9 и за 8,5 проценти.

– Годишниот раст на бројот на плаќањата во трговијата, кој произлегува пред сѐ од повисокиот годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на виртуелните (интернет) места на продажба (10,1 процент), иако послаб, продолжува и во третиот квартал од 2022 година, а продолжува и годишниот раст на бројот на плаќањата на физичките места на продажба (8,3 проценти).

Кај плаќањата на граѓаните со кредитни трансфери во истиот период е забележан годишен пад на бројот на плаќања за 8,6 проценти, при раст на вредноста од 5,6 проценти, соопштија денеска од Народната банка.

Промената на навиките кај граѓаните во прилог на електронското банкарство се забележува и во тоа што во третиот квартал има раст од 5,2 проценти кај бројот на електронски плаќања, а годишен пад од 12,5 проценти кај трансакциите извршени на шалтер.

При електронските плаќања најчесто граѓаните ги користат мобилните апликации (54,7 проценти).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на туристи во април зголемен за 24,3%

Редакција

(Фото) Бизнисмените на средба со Филипче: На пристојна далечина се разговараше за олабавување на мерките

Редакција

„Царсо интернaционал“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на лекови за ретки болести вреден 1,6 милиони евра

Редакција