еМагазин
Image default
На кафе во Кантина ТОП СТОРИИ

Коробкина: Во Русија се преселив без да го знам јазикот, но успеав да изградам препознатлив личен бренд

Анета Коробкина е автор на две книги, говорник, мастер-тренер по клиентски сервис и лидерство. Работата и животот вo седум земjи ѝ помогнале да се изгради како личност, како професионалец, а и постоjаното вложување во своjот личен и професионален развоj.

По завршувањето на магистратурата во делот на хотелиерство и туризам во Швајцарија, на еден од десетте најдобрите универзитети во светот, таа ја продолжила својата професионална надоградба преку стекнување на различни сертификати (ги има преку 10) кај надобрите од областа на лидерство и клиентски сервис.

„По завршување на магистратурата, продолжив да работам, но сфатив дека секојдневната работа, колку и да ја работиш, бара надоградба.

Една од поважните сертификации е Џон Максвел сертификација по лидерство.Тој е гуру и број еден во светот по лидерство, светски познат и има напишано повеќе од 70 книги. Може многу да се научи од него и затоа бев во Флорида за таа сертификација. Потоа програмите ги користев и за личен развој и за моите клиенти.

Следна сертификација коjа би jа одвоила е онаа на Џон Шоул, кој е гуру број два во светот по клиентски сервис. Патував во Минесота за да се стекнам со знаења од таа програма. Шоул работи повеќе од 40 години на оваа тематика и е прв во светот кој создал програми за работа со клиентите.

Исто така важна сертификација ми е таа за емоционална интелигенција од Др. Дејвид Карузо на Универзитетот Јеил, Конетикат, каде што престојував за директно од него да ги добијам праксата и знаењето.

Вложувањето во себе нема крај, во моментов го надоградувам својот „коучинг“ со учество на програма за неуро коучинг, од Joseph O’Conor, Велика Британиjа, за подобро запознавање на работата на мозокот и поврзаноста со нашите емоции и реакции. Треба уште повеќе да вложуваш во себе за да си служиш прво себе а и им служиш подобро на своите клиенти,“ вели Коробкина.

Верувам во она што го работам, вложувам многу љубов

Нејзината кариера во сопствениот бизнис започнува со работа со компании од областа на угостителството, кои барале од неа да им пренесе знаење за клиентски сервис.

Потоа услугите се прошириле кај банки, осигурителни компании, клиники, ВИП сервиси и тоа во Русија, каде што последните десет години живееше и работеше. Од таму, работела и на пазари како Азербејџан, Ерменија, Грузиjа, Белорусија, Украина, Литванија, Естонија, Казахстан.

„Надвор од Македонија живеев 20 години, а во последните 10 бев во Русија.Таму работев за различни компании, како корпоративни така и индивидуални. По одреден период работа за други, решив да отворам компанија. Луѓето околу мене беа доста скептични, затоа што Русија не е лесна земја за бизнис. Не е лесно да се пробиеш, и да се докажеш на милионски пазар, само во Москва каде што живеев има 16 милиони луѓе. Но јас верувам во тоа што го правам, го работам со љубов, со срце, и со душа. Знаев дека ќе успеам да го пренесам знаењето.

Чукав на многу врати, некои се отворија, некои се затворија, тие што се затворија подоцна пак се отворија. Паметам коментари „девојче дошло од таму некаде, па ќе не учи“. Но истите тие, подоцна ги бараа моите услуги.

Знаеш дека си постигнал ниво на експерт, кога те бараат на конференции, семинари, форуми, обуки, консултации.

Во Русија имав тим на тренери, но кога создаваш личен бренд тогаш сите те бараат тебе. Кога доаѓа моментот за тренинзи, мотивациони говори, коучинг требаше сама да одработувам. Тоа е еден минус на создавањето и работењето на личен бренд. Денеска тимот што го имам работи на поддржка на моjот бренд. Jас создавам програми, во зависност од потребите на моите клиенти, а потоа тимот jа превзема целата работа околу организациjата на истиот.

Во Русија се преселив без знаење на руски јазик, сама се докажував, претставував, сама поминував низ сите падови. Голема благодарност до моето семеjство тука во Македониjа што секогаш од далечина ми даваа поддршка. Градење на личен бренд е работа 24/7, преку недела работев за една хотелска компанија, а за викенди работев индивидуално, создавав програми за обука и ги имплементирав во разни компании“, додава Коробкина.

Топ-менаџментот на една компанија треба да верува во програмите, за тие успешно да се имплементираат

Нашата соговорничка потенцира дека за успехот на имплементирање на една програма во одредена компанија, потребно е сопственикот, директорот, топ менаџментот да верува во истата.

„Многу пати од аспект на лидерство и клиентски сервис ќе кажат „дојди поработи со нашите вработени“. Им велам дека не можам да работам со нивните вработени ако не поработам со нив како менаџмент прво. Има и такви кои веднаш поставуваат прашање за поврат на инвестицијата во тренингот.

Првиот момент што секогаш го кажувам, е што одредена програмата дава. Има голема разлика ако се прави мотивационен говор, обука за усовршуване на одредени навики или пак програма за изменуване на менталниот склоп. Јас сум искрена со клиентите и затоа не подгревам нереални очекувања. Пример кога се работи со промена на ментален склоп на луѓе, тоа се обично програми од 1-3 месеци, цел процес.

Кого се прават обуките, резултатите не можат да се видат утре, ниту парите кои се вложени. Ако во една компанија клиентскиот сервис е 3, за тој да дојде на 5 за клиентите да почувствуваат дека нешто се променило, треба да помине период за тие да те оценат.

Од мотивациониот говор резултатите можете да ги видите одма, но тоа е мотивациjа а не менуване на однос кон нештата.

Ако менаџментот и тимот се подготвени за соработка многу побрзо може да се видат резултатите. Ако треба да се бориме со пречки и убедувања, тогаш многу потешко оди целиот процес.

Сопственичка на салон за масажи која беше и дел од програмата за сертификација по Џон Шоул  коjа jа водев jас имаше за 40 проценти зголемување на продажбата откако jа имплементиравме програмата и работевме на односот на вработените меѓу себе и со клиентите,“ вели таа.

Според нејзе, не е лесно да се менува менталитетот на вработените во една компанија, бидејќи бара многу енергија, внимание, посветеност, постојана комуникација со клиентите.

„Ако топ менаџментот не е подготвен, најверојатно и нема да се согласам на проект, затоа што, за мене е губење на енергија, време и пари. Не сум среќна ако направам проект кој нема да има резултати. Резултатите се важни како за мене така и за клиентите,“ додава таа.

Скратено работно време за поголема продуктивност

Во последните две години, Коробкина живее во Македонија. Овде, веќе работела со неколку компании кои се на едно повисоко ниво на развој и свесност што е она што точно им треба, за да ги подобрат услугите кои ги нудат.

„Генерален проблем со кој што се соочуваат сите компании во светот е недостатокот на работна сила, но и мотивација на таа работна сила која што ја имаат. Живееме во време во кое, многу се обрнува внимание на балансот помеѓу животот и работата. Луѓето веќе гледаат да не се толку под стрес, имаат мотивација да си работат за себе.

Кој е предизвикот на компаниите? Како да ги мотивираат и како да ги задржат вработените и да бидат продуктивни. Лично верувам дека осумчасовниот работен ден ќе се спушти на шест, или наместо пет ќе имаме четири работни дена. Тоа е така затоа што со можноста да заработиш сам се зголемуваат слободата.

Компаниите треба да одат кон тоа, вработените да работат помалку часа но да бидат повеќе продуктивни. На тој начин на работниците ќе им се остави простор за сопствени проекти, па дури и компанијата каде што работат да ги поддржува нивните иновативните проекти.

Мора да им се долови на клиентите дека промените се болни, но се неопходни, многу луѓе не се подготвени да го прифатат новиот стил на живот, новото општество каде што луѓето бараат повеке слобода. Помалку луѓе, но продуктивни и добро платени,“ додава Коробкина.

 

Македонски менталитет „јас знам се, не ми треба да учам“

Во однос на навиките на работа, споредбено помеѓу компаниите во Македонија и Русија, таа вели дека кај руските компании гледа многу поголема проактивност, кај нас пак, постои мрзливост.

„Искрено, во Русија во последните 10 години видов многу големи промени од аспект на тоа каде беа и каде стигнаа. И ако некоj не се сегласува со мене поради сегашната ситуациjа треба да знае малку повеке историjа и економиjа за да може да аргументира. Дали можам да кажам дека има подобруване во Македонија? За жал не.

Овде се среќавам со оној менталитет, „јас знам се, мене ништо не ми треба, толку години го имам бизнисот и неможе некоj да ми кажува како да работам.“ Неподготвеноста да се учи и надоградува е голем минус кој го гледам во Македонија.

По интересно е да се водат празни муабети, кој што направил, зошто направил отколку да видиш што можеш ти лично да вложиш и да измениш кон подобро. Наjедноставен пример е кога влегувам во некоj ресторан и гледам огромен не искористен потенциjал за заработка,“ додава Коробкина.

По повлекувањето на одредени брендови од Русија, поради војната во Украина, истото имало влијание врз промена на организацијата на работа во компаниите кои останале на тој пазар.

„Бизнисите кои останаа во Русија сфатија дека им треба поддршка и подобрување на работата за зголемено учество на пазарот. На пролет ќе имам доста активности со постојаните клиенти со кои правиме годишни обуки. Тогаш застануваме, анализираме и имплементираме нови инструменти, навики, се потсетуваме на старото што сме го заборавиле илт не го користиме поради одредени промени.

Задачата на тренерот е да ги следи трендовите, да се усовршува, и на најдобар можен начин да им помогне на своите клиенти да ги подобрат процесите и лугето за на краjoт сите да имаат бенефит и вработените, и клиентите и сопствениците,“ додава Коробкина.

Пишување на благодарности, дел од нејзината секојдневна рутина

Сопствениот баланс го постигнува со тоа што станува рано 5:30 и денот и почнува со медитација, јога, книги. Утрински ја регенерира својата енергија, за како што вели, да има сили да се соочи со сите предизвици во текот на денот.

„Станувањето рано, медитацијата, читањето, пишувањето благодарности се навики со кои сум го подобрила сопствениот живот. Работам со луѓе, а тоа се различни енергии. Има луѓе, со кои, по средбите со нив се чувствуваш убаво, но има и такви од кои ти доаѓа да прилегнеш три дена, за да се вратиш на себе си. По завршување на работниот ден, продолжувам со активности со ќерка ми“, вели Коробкина.

Во однос на личниот развој нашата соговорничка советува дека најдобро е секој да се споредува сам со себе, што постигнал и каде се гледа себе си.

„Тоа осознавање за себе, за жал го нема во македонското општество. Кај нас се уште преовладува менталитетот дека секогаш некој друг ни е виновен. Или споредбата со другите. Не велам не, секако дека средината влијае. И самата правам разлика во моето живеење во Москва и тука, овде е подемотивирачка средина, за жал.

Но сепак имаш избор, ги избираш луѓето со кого ќе седнеш, каде ќе седнеш, која информација ќе ја примиш. Од себе поаѓам и ќе кажам дека со луѓе кои само ми го губат времето и кои немаат убава енергија, не седнувам.

Кога одам на проекти и некој почнува да се жали, веднаш го прашувам, а што правиш ти лично, и веднаш замолчуваат, бидејќи никој не тргнува од себе. Jас лично наjмалку сакам да се жалам. Има проблем, смисли решение и деjcтвуваj! Повеке од времето самиот проблем не е проблем а нашиот однос кон тоj проблем “ додава таа.

Во нејзиниот професионален и приватен живот се сретнала со повеќе од 80 националности и вели дека кога ќе се зближиш со луѓето, ќе разбереш дека има само добри и лоши односно среќни и несреќни луѓе.

„Не можеш да бидеш лош човек, а да си среќен. Во Индиjа имав сретнато луге кои се толку сиромашни а сепак срекни и по разговорот се гледа добрината во нив. Хоби ми е патуването. Имам посетено 49 земји на 4 континенти. Би ги издвоила патувањата во Петра во Јордан, гледањето на поларната светлина во Мурманск во Русија на минус 32, Бали, Индонезиjа кој според мене е еден од најубавите острови на коо сум била, остров кој изобилува со енергија, Таџ Махал во Индија, нешто што еднаш во животот мора да се види.

Jа сакам природата, уживам во неа и и се восхитувам. Во Вади Рум пустината во Јордан го видов едно од најубавите зајдисонца. Има многу места кои треба да се видат и да се почувствуваат. Во патувањата се отвораат хоризоноти, се рушат сите стереотипи.

Забораваме дека изгрејсонцето, зајдисонцето, планината, реката, ѕвездите се нешто во кое можеш да уживаш, но како луѓе постоjано сме во пета брзина, трчаме, брзаме. Не ни треба многу за да бидеме среќни, но треба да се спознаеме себе си за да сме срекни,“ завршува таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил градоначалникот на Желино, кој се прогласи за ненадлежен за поставување споменик на бранителите кај Карполак

Редакција

(Фото) 16-от Виз Ер Скопски маратон се одржа по специјален протокол за заштита од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 242 болни од Ковид-19

Редакција