еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Косово целосно ја повлече одлуката за зголемените царини

Косовската Влада ја укина во целост одлуката за зголемените царини, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што информира Бектеши на прес-конференција, ова е уште една потврда за добрите односи меѓу двете земји. Одлуката  треба да се спроведе од утре откако претходно косовските власти ќе испратат официјално писмо до нивните царински служби.

– Пред неколку минути бев информиран дека Косово ја повлече одлуката во целост, а претходно на владината седница на косовската Влада, биле земени предвид аргументите што беа изнесени од македонската страна на  петочната средба во Приштина, истакна Бектеши.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека за предизвиканите штети од косовската одлука проценка ќе направи Министерството за земјоделство, по што Владата ќе преземе соодветни мерки за да им помогне на трговците  производителите што претпреа загуби.

Косово ја воведе одлуката на 18 јули годинава и со неа царините за вкупно 21 земјоделски производ беа зголемени за 30 отсто. По неколку дена одлуката беше делумно повлечена, односно за некои производи, но за седум се уште важеше, а на нив отпаѓаше најголемиот дел од македонскиот извоз на Косово.

– По нашата писмена реакција, следеше измена на одлуката. Мерката остана да важи само за седум производи: домати, пипер, јаболка, грозје, круша, сливи и малини. Ваквата одлука не им одговараше на нашите земјоделски производители бидејќи стануваше збор за сезонски производи на кои отпаѓа најголемиот дел од македонскиот извоз на косовскиот пазар, појасни Бектеши.

Тој се заблагодари јавно за, како што рече, разбирањето од косовска страна.

– Владата ќе биде во целост посветена на регионална соработка и на спроведување на сите договори. Целта е да се обезбеди поголем пазар, не само за македонските компании, туку за сите компании во регионот, а со тоа да се подготвиме да влеземе во големите европски и светски пазари, истакна Бектеши.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарската Влада го одобри договореното од заедничката меѓувладина комисија

Редакција

Во Врање досега со прва доза се вакцинирани 11.540 македонски граѓани и 8.306 со втора

Редакција

Досега поделени 30 илјади картички за патарините, за српски државјани кои транзитираат низ државава

Редакција