еМагазин
Балкан

Косовскиот премиер е позитивен на Ковид-19

Косовскиот премиер Авдулах Хоти информира преку својата страница на Фејсбук дека е позитивен на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хоти објави дека нема видливи симптоми, освен лесна кашлица и дека премиерските обврски во наредните две недели ќе ги извршува од својот дом, каде што ќе биде во изолација.

„Денеска го направив тестот за Ковид-19 и резултирав позитивен. Немам симптоми, освен една мошне лесна кашлица. Од вечерва сум во изолација во наредните две недели. Обврските ќе ги извршувам од дома“, напиша Хоти. 

МИА/Фото:Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Во Приштина убиен македонски државјанин, косовските медиуми тврдат дека е Блерим Дачи

Редакција

(Фото) „Не лажете со години“: Село во БиХ им забрани на политичарите да агитираат во него за престојните избори

Редакција

Задолжителната вакцинација ги извади Грците на улиците во Солун, се судрија со полицијата

Редакција