еМагазин
Image default
Свет

Тепачка на летот Амстердам-Ибица, патници одбиле да носат маски

На летот на хландската авиокомпанија КЛМ од Амстердам кон Ибица се случи тепачка откако двајца патници одбиле да стават заштитни маски.

Патниците помогнале да бидат совладани двете лица, кои по слетувањето на Ибица се уапсени од страна на шпанската полиција.

– Двајца непристојни патници одбиле да носат маски и физички и вербално ги вознемирувале другите патници, изјави портпаролот на КЛМ.

Тој додаде дека не била загрозена безбедноста на летот. Носењето маски е задолжително на летовите на КЛМ, како и на сите аеродроми во Холандија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Масовен грабеж во Чикаго: Стотици граѓани ги „нападнаа“ луксузните продавници

Редакција

За едно деноноќие 345 починати во Италија, 168 во Шпанија

Редакција

(Видео) Застрашувачки бранови однесоа балкони од станбени комплекси на Тенерифе

Редакција