еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Се уште се трага по телото: 16-годишно момче се удави во Преспанско езеро по превртена педалинка

Итната медицинска служба во Ресен пријавила до МВР дека се превртела педалинка во Преспанско езеро во Претор, на која се возеле три деца, кои по несреќата двете испливале, а третото исчезнало.

„Во 18,18 часот во ПС-Ресен, од ИМП било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И. М. (2004) од Ресен. На лице место се упатени Служби“, се вели во информацијата од МВР.

Веднаш потоа почнала потрагата, но до утрово телото се уште не е пронајдено.

Фото: Фејсбук/Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија не е втора бугарска држава, бугарскиот министер Милков се огради од изјавите на бугарскиот пратеник Костадинов

Редакција

За 1,1 милион евра продаден блок акции од НЛБ Банка

Редакција

ЕСМ склучи договор со Спектартермо вреден 575,3 илјади евра

Редакција