еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Коста Петров е нов директор на Фондот за иновации и технолошки развој

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров ќе биде новиот директор на Фондот за иновации и технолошки развој на местото на досегашниот Јован Деспотовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Коста Петров, новиот потпреседател на СДСМ: ПР-експерт, бизнис-автор и следбеник на кабала

Тој оваа информација ја сподели Фејсбук.

„После 15 години работно искуство во приватниот сектор, од кои 10 години како основач и директор на Пи Ворлд, време е за нови предизвици. Во овие десет незаборавни години, заедно со мојот победнички тим, успеавме да ја позиционираме Пи Ворлд како една од најиновативните креативни агенции и организатори на бизнис-настани во светот.

Присутни сме во 40 земји во Европа, Северна Америка, Блискиот Исток, Азија и Африка, а движечка сила на нашата компанија е тесната соработка со некои од најмоќните брендови во светот – Facebook, Google, Snapchat, Coca-Colа, Shell, IBM, Mayo Clinic, Harvard School of Law, Yale, Stanford University…

Се гордеам со сè што направивме! Колеги, продолжете со освојување на нови врвови. Сега е време за нови, наши, македонски и глобални успеси! Иновациите и развојот на технологии мора да ја заземат централната улога во нашата развојна економија, а ФИТР ќе биде двигател на оваа трансформација.

ФИТР ќе продолжи да инвестира во иновацискиот развој на компаниите, работејќи на создавање нови квалитетни работни места и придонесувајќи кон развојот на македонската економија.

Целта е да обезбедиме поддршка за компаниите и стартапите со тоа што ќе им помагаме во секој чекор, почнувајќи од работењето, едукацијата, развојот на продукти, па сè до комерцијализацијата и продажбата. Фондот ќе работи и соработува со врвни домашни и меѓународни претприемачи, финансиски експерти и основачи на иновативни компании.

Во нашата работа ќе биде целосно вклучена и академската заедница, која ќе биде нераскинлив дел од сите процеси. Мојата визија е заедно, со помош на интернационалната и македонската стартап заедница, со новиот бран на македонски иноватори да ја позиционираме Македонија како регионален стартап хаб во регионот.

Македонија има многу потенцијал, има многу паметни и мотивирани млади луѓе. Ќе ја насочам целата моја енергија да ги поддржиме и да им помогнеме да ги реализираат своите цели. За крај, сакам да му заблагодарам на премиерот Зоран Заев за дадената доверба и на сите мои колеги кои ме поддржуваа. Нè чека многу работа и многу храбри чекори! Знам дека можеме!,“ напиша Петров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јован Деспотовски нов директор на ТИРЗ, Самка Ибраимовски заменик директор на „Македонија пат”

Фото: Фејсбук/Петров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Даравелски побара ново судење

Редакција

Убава вест: Оздравени 30 пациенти кои боледуваа од корона вирусот

Редакција

Власта се однесува како тврдоглаво дете кое ништо не слуша што му се кажува, вели Ивановска

Редакција