еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Силен земјотрес со епицентар во Маврово ја разбуди Македонија

На цела територија на државава рано утрово почувствуван е силен земјотрес. Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет земјотресот бил со јачина од 5.0 степени по Рихтер.

Според првичните информации епицентарот на земјотресот е во селото Леуново, во Маврово, на длабочина од 8,5 километри.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана, рано утринава, година во 04 часот и 54 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 50 km југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML5.0.

Според досегашните податоци земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со V степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со IV степени.

Во регионте на Битола, Прилеп и околината со III степени според истата скала“, вели Драгана Черних, раководител на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.

Освен вознемиреност кај граѓаните, досега не се регистрирани штети, а доколку ги има, тие да може да се пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195.

Околу 6:23 часот почувствуван е уште еден потрес со јачина од 3,6 степени, што се толкува како афтер шок по првиот удар.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Со кој сè се сретна Ковачевски на состанокот на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија

Редакција

Во „Мој термин“ се воведуваат два нови упати, а има промени и во издавањето на отпусно писмо

Редакција

Поплавени салите за интервенција на Клиниката за кардиологија

Редакција