еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски го осуди палењето на објектот на Центарот на бугарската заедница во Битола

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на својот Фејсбук профил го осуди палењето на објектот на Центарот на бугарската заедница во Битола.

-Го осудувам палењето на објектот на Центарот на бугарската заедница во Битола. Во 21 век со палење и опожарување не се постигнува ништо. Дадов јасни насоки до надлежните институции веднаш да го расчистат случајот.

Ваквите потпалувачки провокации имаат цел да ги нарушат односите меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Затоа, повикувам сите да останеме смирени и достоинствени, а со сторителите ќе се справат институциите, напиша на Фејсбук премиерот Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден“, се вели во осудата на МНР за палењето на влезот на здружението „Иван Михајлов“ во Битола

Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија, вели Пендаровски за палењето на центарот „Ванчо Михајлов“

(Фото) Опожарена влезната врата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со испитување на вештак продолжи судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Србија трупа војска и оружје на границата со Косово, тврди САД

Редакција

Кој е Папата Франциск

Редакција