еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски му порача на Радев повеќе да се занимава со реформите во неговата држава

Премиерот Димитар Ковачевски се уште не ја видел денешната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев според кој, земјава „не ја научила лекцијата од лани да не лобира кај членките во ЕУ или во европските институции“, но истакна дека претседателот на соседна држава треба повеќе да се занимава со реформите во неговата држава.

-Не сум ја видел изјавата и не би имал што да коментирам. Северна Макдонија има многу јасни позиции во рамки не само на ЕУ, туку и во НАТО. Ние сме држава која 100 проценти ја има усогласено својата надворешна политика со ЕУ, земја која рамноправно со другите држави носи одлуки во НАТО, вклучително и заедно со Бугарија.

Ние, точно, секоја година имаме европски извштаи за напредокот на реформите, сметам дека претседателот на соседна дрежава треба да се занимава со реформите во неговата држава повеќе, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по обраќањето на јубилејот 70 години од основањето на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков” и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје не ја научи лекцијата, повторно лобира во ЕУ за да сокрие недостаток на реформи, вели бугарскиот претсе дател Радев

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија донесе забрана за извоз на млеко, Македонија и Албанија изземени од одлуката

Редакција

„Алкалоид“ потпиша соработка за практиканство со две средни училишта

Редакција

Поделба во ВМРО-ДПМНЕ: Ќе го каже ли Никола Груевски својот став за референдумот?

Редакција