еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Скопје не ја научи лекцијата, повторно лобира во ЕУ за да сокрие недостаток на реформи, вели бугарскиот претседател Радев

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека земјава „не ја научила лекцијата од лани да не лобира кај членките во ЕУ или во европските институции“.

– Скопје треба да си ја научи лекцијата за ЕУ. Гледам дека пак се враќаат на истиот пат пред преговарачката рамка, да лобираат кај членките на ЕУ, пред европските институции, со тоа да ги покријат недостигот на реформи, непочитувањата на човечките права и неподготвеноста за почеток на преговори. Тоа не е вистинскиот пат.

Бугарија ќе продолжи да работи со сите институции во Брисел, со нашите европски партнери, со цел решенијата за Република Северна Македонија да не се засноваат на лобирање, кое ги прикрива недостигот од реформи и непочитувањето на правата, истакна Радев во одговор на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски му порача на Радев повеќе да се занимава со реформите во неговата држава

МИА/Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Игор Јанушев ослободен за набавката на кинеските автобуси

Редакција

Во блок-трансакција продадени 12.365 акции од „Киро Дандаро“ за 10,6 милиони денари

Редакција

Усмртена мечка и двајца повредени во сообраќајка помеѓу две возила на патот Тетово-Јажинце

Редакција