еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Усмртена мечка и двајца повредени во сообраќајка помеѓу две возила на патот Тетово-Јажинце

Половина час по полноќ на регионалниот пат Тетово – Јажинце се случила сообраќајна несреќа во која е усмртена мечка, а повредени се две лица. Несреќата се случила кај Доброште.

– Во СВР Тетово е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила, „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управуван од Б. Ш. (60) од Доброште, „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки управуван од Н. Г. (39) од Теарце и диво животно мечка. Мечката е усмртена на самото место.

Двајцата возачи се здобиле телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според информациите на СВР Тетово, по извршениот увид, усмртената мечка е предадена на Јавна установа Национален парк Шар Планина.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Испукан ракетен фрлач пронајден во Хиподром

Редакција

Училиште „Братство единство“ во Дебар сега е „Пенестија“, а „Здравко Чочковски“ се вика „28 ноември“, според денот на албанското знаме

Редакција

Јавното обвинителство отвори предмет за момчето прободено со нож во Кавадарци

Редакција