еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски: Пари за плати за здравствените работници има, сајбер-нападот е да се направи блокада на клучните витални системи во државите

Проблемот со хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување ќе се реши, на него деноноќно работат домашни и експерти од земјите – членки на НАТО, нагласува премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА дадено по завршувањето на Минхенската безбедносна конференција.

Личните податоци на граѓаните, како што истакнува, се заштитени и апелира на смиреност, а се прават и напори да им бидат исплатени платите на здравствените работници. Пари во Буџетот за исплата на плати има, категоричен е Ковачевски.

„Го разбирам револтот на здравствените работници. Прво, имаше информации дека немало пари во Буџетот. Пари во Буџетот има и во Фондот за здравство и во централниот буџет, меѓутоа со оглед на начинот на којшто се исплаќаат платите и со оглед на сајбер-нападот што се случува, тоа не беше возможно да се направи во изминатите денови.

Ние работевме заедно со Министерството за финансии и со вработените во трезорот тоа да може да се направи од централниот трезор што е комплицирана работа, меѓутоа на која што се работи, вели Ковачевски.

Ваквите хакерски напади, како што посочува, се дел од хибридната војна што се води како нов начин на војување и на неа не се имуни ниту останатите држави. Целта е да направи блокада на клучните витални системи во државите кои се западно ориентирани и да се внесе немир кај граѓаните.

„Апсолутно се поврзани со војната што се води во Украина, бидејќи пред тоа не постоеја. Второ, хибридната војна што се води и којашто вклучува сајбер напади, хакерски напади, дезинформации практично е нов начин на војување којшто досега не е виден.

Тоа има неколку цели – прво, да направи блокада на клучнте витални ситеми во државите кои се членки на НАТО и на ЕУ, кои се западно определени. Второ, да внесе немир кај граѓаните, бидејќи се напаѓаат системи коишто опслужувааат голем број на граѓани и трето, да направат еден систем на дезинформации што на крајот од денот оди во корист само на оние коишто не сакаат да го видат нашиот регион да биде дел од ЕУ или да биде дел од НАТО,“ оценува Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Системот на ФЗО хакиран со „ransomware“, хакерите бараат откуп за да го “ослободат“

Здравствените работници во среда ќе излезат на протест, независно дали во понеделник ќе ја добијат јануарската плата

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од „Фајзер“ тврдат дека нивната бустер доза против Ковид-19 обезбедува заштита од Омикрон

Редакција

Дрисла склучи договор со Пуцко петрол вреден 3,7 милиони евра

Редакција

Катерина и Димитар немаат соба и купатило, да им помогнеме за нормално детство

Редакција