Од вчера е затворен ковид центарот на Клиниката за очни болести, а денеска ќе се затвори ковид центарот и во Клиниката за уво, нос и грло, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
„Состојбата со Ковид-19 во земјава е стабилизирана. Намален е бројот на новорегистрирани случаи и починати, а зголемен е бројот на оздравени пациенти. Двојно е намален бројот на хоспитализирани пациенти во болничките установи ширум државата.
Но, сега не смееме да се опуштиме. Мораме да продолжиме да ги почитуваме мерките за заштита и да не се групираме. Да издржиме уште малку, да бидеме одговорни,“ напиша Филипче на неговиот Фејсбук-профил.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.