еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грчкиот остров Миконос од денеска без музика и со полициски час

Полициски час од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, се посебните мерки што од денеска стапуваат во сила на грчкиот остров Миконос.

Мерките што ќе важат до следниот понеделник, 26 јули во 6 часот наутро, претпладнево ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, поради, како што рече „загрижувачкиот локален пораст на пандемијата со многу кластери“.

Хардаљас потсети дека на Миконос, како и во цела Грција, забрането е одржување на било какви настани во приватни простори со присуство на над 20 лица, а во спротивно предвидени се казни од 50.000 до 200.000 евра.

На прес конференцијата за ситуацијата со пандемијата во четвртокот, Хардаљас соопшти дека на Миконос, бројот на активни случаи за една седмица се зголемил за четири пати, од 77 на 7 јули на 318 случаи на Ковид-19 во средата.

Грчкиот остров е познат по ноќниот живот, но и летна дестинација за многу светски ѕвезди, а во изминатиот период, поради мерките, како што е забраната за стоење во кафулињата, баровите и ноќните клубови, често се организираа забави во приватни вили.

Денешните мерки се и првите рестрикции што одново се воведуваат во Грција.

МИА/Фото: Photo by Johnny Chen on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во потешка состојба 45 пациенти заразени од корона вирусот

Редакција

Бирото за развој на образованието вработува државни службеници, плата до 25.000 денари

Редакција

Бугарскиот пратеник и лидер на “Преродба“, Костадинов повторно изјави дека „Македонија е бугарска“

Редакција