еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Крај на пандемијата кај нас може да се прогласи во август или почетокот на септември, оценува Филипче

За да се прогласи крај на една епидемија треба два циклуси репродуктивни по 14 дена да нема дијагностицирано случаи и има некои предвидувања кај нас како тоа би можело да се случи, ако продолжат овие трендови. Тоа би се случило во месец август или можеби на почетокот на септември, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Со оглед на тоа што има многу малку новодијагностицирани случаи на 100.000 жители, во моментов таа бројка е под 10, односно сегашната епидемиолошка состојба е стабилна.

„Болниците се празни, а само мал број на пациенти се лекуваат на Клиника за инфективни болести. Но, системот е подготвен да одговори со болнички капацитети и со се што би било потребно во случај на нов, непредвиден епидемиолошки бран,“ изјави Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првото бебе во 2024 е машко, се роди точно на полноќ

Редакција

ЈП за државни патишта склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 7,6 милиони евра

Редакција

Два нови случаи со мали сипаници во Куманово и Шуто Оризари

Редакција