МВР информира дека вчера полициски службеници околу 21:30 часот на место викано „Стрмол“ во атар на село Дворци ги затекнале А.М., Н.Н. и Е.Ф., со трактор како транспортираат бесправно исечени огревни дрва.
„Откако полициските службеници продолжиле да се движат кон село Пеглово, од страна на група граѓани им било попречено движењето, а во еден момент нападнат е и еден полициски службеник.
Две лица се приведени и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.