еМагазин
Image default
Локално

Момче и девојка следени од три лица со возило „Киа“ во Аеродром

По булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во населба Аеродром, синоќа лицето Д.П. (23) било следено и физички нападнато.

Имено, момчето Д.П (23) заедно со неговата другарка се движело по булеварот со неговото возило „Фиат Пунто“, при што биле следени од група од три лица во возило „Киа“. Лицата ги пресретнале Д.П. и неговата другарка во близина на трговскиот центар „Бисер“. Возачот се претставил дека е полициски службеник, по што му ги зел документите и телефонот на Д.П.

Потоа Д.П. заминал кон паркот во Ново Лисиче, каде требало да се види со пријатели, но тука дошле и лицата со возилото „Киа“ и од неговите другари побарале документи. Едно од лицата физички го нападнало Д.П. и му се заканувало со пиштол.

Случајот е пријавен, преземени се соодветни мерки, а во полициска станица е приведен сторителот Г.С. (25).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за стечајна управничка од Прилеп: Противзаконски изнајмувала недвижен имот

Редакција

Нападите врз деца од Радишани и Бутел во автобусот 57 продолжуваат, градоначалникот Костовски бара итна реакција од МВР

Редакција

Кривична пријава за ревизорка за непријавување корупција

Редакција