Продажниот салон „Проспорт“ пред неколку дена беше ограбен и при кражбата биле одземени неколку скапи велосипеди. Од салонот бараат помош за идентификација на сторителите кои се фатени на безбедносната камера.
„Нашиот продажен салон „Проспорт“ на ул. “Дебарца” бр.13, за жал беше огрaбен. При самата кражба низ скршеното стакло од влезната врата се изнесени неколку велосипеди од висока вредност.
Доколку знаете нешто повеќе за случајот, или пак ги имате здогледано во текот на ноќта или можеби ги препознавате луѓето од приложениве слики би Ве замолиле да ни се обратите тука или телефонски на 023212108, за полесно и побрзо да ги најдеме.
Ви благодариме на помошта и поддршката, секоја трага, информација и секое ваше споделување на објавава ќе ни значат навистина во потрагата по разбојнициве“, напиша на својот фејсбук-профил тимот на „Проспорт“.
Фото: Фејсбук/Проспорт