еМагазин
Image default
Локално

Крадец фатен за еден час по пријавена кражба во автомобил

Гостиварската полиција привела лице осомничено за кражба која ја извршил во автомобил еден час претходно. Приведениот се сомничи дека е извршител на повеќе кражби и кај него биле најдени предмети што сопствениците ги пријавиле како украдени.

Според СВР Тетово, синоќа непосредно по пријавата на гостиварка дека била извршена кражба од возило „Мерцедес“ на улицата „Панче Попоски“ бил лишен од слобода Е.М.(42) од гостиварска Долна Бањица.

Полициски службеници на ОВР Гостивар околу 18:10 часот, го затекнале осомничениот Е.М. на улица „Живко Брајковски“ и по контролата бил приведен во станица.

Кај него биле пронајдени чанта со паричник, лични документи, здравствени легитимации и други предмети кои пријавителката ги навела дека се украдени.

Освен овие предмети, кај него биле најдени, часовници, пари и паричници за кои постои основан соменж дека потекнуваат од претходно извршени кражби

Одземените предмети му се вратени на сопственикот, а против Е.М. ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Од СВР Тетово апелираат до граѓаните да обрнат повеќе внимание на личните работи и вредните предмети и да не ги оставаат во незаклучени автомобили и на видливи места.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата даде зелено светло за „автобуско метро“ во Скопје

Редакција

Тешко повредена скопјанка по удар од возило, возачот побегнал

Редакција

Сакал да и побегне на полицијата бидејќи возел 43 мигранти во комбе „форд транзит“

Редакција