еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Кочанската фирма “Пејпер Мил„ казнета со 20.000 евра за загадување

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) денеска соопшти дека интензивно работи на спречување на загадувањето од “Пејпер Мил“ – Кочани и оти инсистира на почитување на законите.

Промените што ги правел инвеститорот не дале резултати и фирмата е казнета со 20.000 евра.

– Од првиот вонреден надзор над инсталацијата на 4 ноември 2020 година, направени се две мерења (на 13.11.2020 и 02.12.2020) и два пати е констатирано надминување на дозволените вредности.

Промените во процесот и опремата што во меѓувреме ги правеше инвеститорот, не дадоа резултат.

Предложена е казна од 20.000 евра, со Решение е наредено да се врши редовно мерење на емисиите, а “Пејпер Мил“ се обврза да инвестира во вреќаст филтер поради повеќекратно намалување на емисиите, соопштија денеска од Државниот инспекторат за животна средина.

Наредното мерење на емисиите, инспекторатот го најавува за 30-ти декември и доколку се докаже дека повторно загадува, ќе се нареди работењето да премине на плин.

– Доколку со ова мерење се докаже надминување на граничните вредности, ќе се нареди инсталацијата да престане да го користи котелот на пелети и да премине на плин. Во спротивно ќе се забрани работењето, се до обезбедување на филтерот и водење на процесот на начин на кој нема да се загадува Кочани, потенцираат од ДИЖС.

Петровска: ДИЖС ќе го затвори „Пејпер мил“ ако продолжи да го загадува воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина интензивно работи на спречување на загадувањето од фабриката „Пејпер мил“ во Кочани и доколку наскоро состојбите не се променат, можно е нејзино затворање, најави директорката на инспекторатот, Ана Петровска.

При денешната работна посета на Кочани таа оствари средба со градоначалникот Николчо Илијев, при што нагласи дека граѓаните воопшто не треба да се соомневаат за некакви компромиси во битката за чиста животна средина.

-Со последното мерење од почетокот на декември се утврди дека се надминати дозволените вредности, односно беше докажано дека котелот на пелети не може да се користи со постојниот систем за пречистување на отпадните гасови и дека мора да се преземат одредени мерки.

Наместо водено отпрашување подобри резултати ќе даде вреќаст филтер, за што сме во комуникација со Министерството за животна средина коешто треба да направи прилагодување на интегрираната дозвола, а компанијата да направи инвестиција за инсталирање таков филтер.

Следното мерење е закажано за 30 декември и од резултатите ќе зависи дали и понатаму „Пејпер мил“ ќе може воопшто да работи, односно ако има отстапување од дозволените параметри ќе биде задолжен, наместо со пелети, да работи на метан.

Ако тоа не е можно, ќе наредиме престанок на функционирањето на инсталацијата, истакна директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска.

Градоначалникот Илијев нагласи дека локалната самоуправа, во рамки на своите законски надлежности, презема мерки за намалување на причините за аерозагадувањето, истакнувајќи го субвенционирањето на набавката на печки на пелети и инвертер климатизери, како и проектот за спречување на палењето на сламата по жетвата на оризот.

Незадоволството од бавното решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Кочани, особено од „Пејпер мил“, граѓаните го искажаа викендов со двочасовна блокада пред влезот на фабриката, најавувајќи радикални мерки ако наскоро не се постигнат подобрувања на состојбата.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борел: Денеска не е добар ден, поради Бугарија неможеме да отвориме преговори со Македонија и Албанија

Редакција

Политичкото фијаско со СЈО аргумент плус за „корпа“ од ЕУ

Редакција

Каков имот пријавил пратеникот Крмов, кој искрши монитор и микрофон во Собранието

Редакција