еМагазин
Image default
Локално

Крадец во Прилеп украл мобилни телефони вредни над 5.000 евра

Приведен крадец од Прилеп, украдените мобилни телефони во вредност од околу 400.000 денари вратени, информира МВР.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Г.Д.(47) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Во периодот од 06.01.2019 година до 08.01.2019 година пријавениот со употреба на сила влегол во продавница за мобилни телефони на улица „Јане Сандански“ во Прилеп и одзел кутија со мобилни телефони, како и друга галантерија за мобилни телефони, по што побегнал“, се вели во соопштението на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татко ја допирал неговата малолетна ќерка, мајката го пријавила

Редакција

(ВИДЕО) Се чекаат Вардарци: Атмосферата на скопскиот аеродром е веќе вжештена

Редакција

(Галерија) Светна новогодишната елка во Скопје

Редакција