еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Креативноста на авторската мисла е пулсот на Саемот на книга

Откривањето на безвременскиот свет на класиците, но и на новите наслови на реномирани, а и на нови надежни автори во модерното доба во кое се наоѓаме, е привлечна занимација, којашто дава живот на забрзаното и навидум монотоно секојдневие.

А, покрај моментите, кога дружбата со омилените книги ја пронаоѓаме во комфорот на својот дом, во природа, или во преферираниот кафе бар, со совршена атмосфера за „потонување“ во универзумот, создаден од страна на авторот, – зарем постои подобро време и место за откривање на ваквиот афинитет кон пишаниот збор од саем на книга?

„Како место и симбол на спојување на читателите со нови и етаблирани автори, кои добиваат ексклузивна шанса за промоција на своите дела, а и каде што читателите можат да откријат теми и содржини за сите возрасти, – Саемот на книга и оваа година не изостанува со својата важност.

Секако, целта е секоја година да се создаваат сѐ подобри можности и форми за промоција на читањето книги и за поновите и постарите генерации, преку саемските понуди на бројните издавачки куќи. Главната причина зошто овој саем е можеби најомилениот на национално ниво, е токму љубовта кон пишаниот збор и константниот пристап кон подобрување на условите секоја година при овозможувањето на оваа специјална саемска платформа, којашто го негува овој вид на културно наследство во државата и пошироко.

Овој седумдневен настан е можност да се прикаже соодветно богатата литературна традиција, но и да се прослави различноста и креативноста на авторската мисла,“ изјави Бојан Саздов, претседател на МАИ – Македонска Асоцијација на Издавачи.

35. издание на Меѓународниот Саем на книгата, е поддржано од Министерството за култура како Покровител на оваа манифестација и ќе се одржи од 4 до 10 мај 2023 година, во Арена – Борис Трајковски во Скопје, во организација на Скопски саем.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) 150 учесници уживаа во убавините на Вевчани со Мапа на културата

Редакција

Генералниот директор на Веро избран за менаџер на годината за 2020

Редакција

(ВИДЕО) Младиот херој Марко Пејчиноски за 14 часа по втор пат го преплива Охридското езеро

Редакција