еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Исчезнат маж од каменичка Дулица пронајден мртов

Исчезнатото лице од каменичкото село Дулица по кое се трагаше во текот на вчерашниот ден е пронајдено мртво. Информацијата ја потврдија од СВР Штип од каде информираа дека безживотното тело на лицето Т.А (50) било пронајдено од страна на каменичката полиција во близина на неговиот дом.

-На 26.04.2023 во село Дулица, општина Македонска Каменица, во близина на неговиот дом бил пронајден починат Т.А.(50) од село Дулица, за кого неговиот брат Ј.А. на 25.04.2023 пријави дека се оддалечил од домот. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираше портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Оттаму додаваат дека по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

Претходно граѓани се организираа во потрага по изчезнатиот жител на Дулица со активно учество на ловни здруженија од Делчево и Македонска Каменица, како и доброволни противпожарни друштва од Македонска Каменица и регионот. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средба Ковачевски-Петков: Бугарија се согласила на употреба на краткото име Северна Македонија

Редакција

На располагање 1.000 болнички кревети за пациенти болни од корона вирусот

Редакција

Кристина Озимец: Ни требаат повеќе жени на лидерски позиции во медиумите

Петре Димитров