еМагазин
Image default
Локално

Криумчарите уриваат рекорди: Откриени 21 мигрант во „рено еспејс“

На 09.09.2020 околу 01,00 часот во с.Матејче-кумановско, полициски службеници од Полициското одделение Матејче дале знак да застане патничко моторно возило „рено еспејс“ со штипски регистарски ознаки, но истото продожило да се движи кон с.Отла, информира МВР.

По кратко време на ул.„11-Ноември“ во Куманово, од полициски службеници од СВР Куманово возилото било сопрено, при што било констатирано дека е управувано од Д.Ј.(70) од Штип.

Во возилото се превезувале 21 мигрант и тоа од Сирија, Авганистан, Пакистан и Бангладеш, од кои 10 малолетни лица. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Куманово. Д.Ј. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фото: Викимедиа Комонс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пешак загина во Скопје по удар од возило управувано од 18-годишно момче

Редакција

Притвор за дилер на кокаин од Куманово

Редакција

Трагедија кај Гостиварско: Еден починат и двајца повредени во сообраќајна несреќа

Редакција