еМагазин
Image default
Локално

Криумчарите уриваат рекорди: Во „БМВ“ возел 10 мигранти

На 11.09.2018 година во 01.00 часот на бул.„Гевгелија“ во Гевгелија, поради редовна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. При прегледот на возилото биле откриени 10 лица–мигранти, осум од Пакистан и двајца од Авганистан, информира МВР.

Возачот побегнал од лице место, но по кратко време бил стигнат и лишен од слобода. Се работи за лицето В.Ф.(35) од с.Студеничани, скопско. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Мигрантите се задржани во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ – железнички премин за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возач на „Туарег“ напaднал колега со „Лада“ по сообраќајна несреќа во Скопје

Редакција

Пожарот на Скопска Црна Гора се уште активен, ангажирани авиони на Дирекцијата за заштита и спасување

Редакција

(Видео) Горат автомобили на паркинг во Ново Лисиче

Редакција