еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривичен повторно го испрати предметот „Титаник 2“ до Апелација

Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека предметот „Титаник 2“ вчера бил доставен во Алелацискиот суд за надлежно постапување.

-Поради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот ја информираме јавноста дека предметот со КОК бр. 7/20 од Обвинителството означен како „Титаник 2“ на 20.03.2023 година е доставен во Апелациониот суд Скопје на надлежно постапување.

Имено, по добиени жалби од обвинетиот М.Т. и неговиот бранител, како и известување од надлежниот Јавен обвинител дека нема да поднесе дополнителни жалби, предметот е комплетиран, испочитувани се сите утврдени рокови и доставен е на понатамошно второстепено постапување, информираат од Основиот кривичен суд Скопје.

Оттаму додаваат дека по овој предмет, Апелацискиот суд Скопје веќе еднаш има постапувано, па согласно одредбите од ЗКП сега треба да донесе мериторна одлука по добиените жалби. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација го врати „Титаник 2“ во Кривичен, предметот за Мијалков и Тачи застарува за помалку од месец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција

Димитров: За нас, како мала земја, принципите се егзистенцијално важни-oсобено по говорот на Путин, кога ја нарече Украина вештачка творба на Ленин

Редакција

Леб има и се продава по 33 денари, дополнително ќе се замрзнуваат цени и на други производи, најави директорот на Пазарниот инспектoрат Трајковски

Редакција