еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава против командир на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против З.С. вработен во Регионален центар Север на работно место Командир на Пoлициска станица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 став 2 в.в став 1  од Кривичниот законик на Република Македонија.

„Пријавениот постапувајќи спротивно на подзаконски акт на Министерството за внатрешни работи во текот на 2016 и 2017 година ја злоупотребил својата службена положба и овластување при што издал и потпишал 32 наредби за работа подолга од полното работно време со што овозможил на полициски службеници без основа да им се исплатат 416.557 денари за прекувремена работа со што директно го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија“, информираат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР со детали за крвавото убиство во Скопје: Братучед ја заклал додека го бранела сопругот

Редакција

Мајка пријавила обид за силување врз нејзината малолетна ќерка

Редакција

Oбвинителство Гостивар проверува дали самоубиство на 13-годишна девојка е поврзано со секта

Редакција