еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за двајца струмичани: Објавиле прослава на роденден на социјалните мрежи

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица ќе поднесе кривична пријава против Л.К. (36)  и Д.К. (44) и двајцата од Струмица, поради постоење основано сомневање дека пријавените сториле кривично дело ”Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, казниво по член 206 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, информира МВР.

„Имено на 05.01.2021, пријавените во домот на првопријавениот во Струмица,  организирале роденденска прослава на првопријавениот, на која присуствувале повеќе лица, при што со таквото дејствие пријавените постапиле спротивно на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест Ковид-19.

Од организираната роденденска прослава второпријавениот снимил видео содржини на кои се гледа присуство на повеќе лица и така снимените видео содржини ги дистрибуирал низ социјалните мрежи.

Од страна на полициски службеници при СВР-Струмица, превземени се мерки за расчистување и документирање на настанот. Обезбедени се објавените видео содржини од организираната роденденска прослава, извршени се службени разговори, а се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот“, информира МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Воз удри во маж кај Кисела Вода, загинал на лице место

Редакција

Битолчанка му го запалила автомобилот за да „расчисти“ имотно-правен спор

Редакција

Кривична пријава за двајца стружани кои и се заканувале на раководителка во општина Струга

Редакција