Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 504 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот, информираат од Министерство за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 19 пациенти, во Велес се лекуваат 28 болни, а во Куманово 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 59 во ковид центарот во Гостивар 25, а во Струга 31 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 56 пациент, во Кочани 18 во Кичево 12, Кавадарци 26, во Гевгелија 11 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.