еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски го назначи Фрчкоски за ополномоштен амбасадор во ОН

Претседателот на државата Стево Пендаровски со указ го назначи професорот Љубомир Фрчкоски за ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија при Организацијата на Обединетите нации (ООН) во Њујорк, потврдија за МИА од кабинетот на Пендаровски.

Инаку, уште во јуни минатата година Министерството за надворешни работи побарало од надлежната комисија во Собранието на Република Северна Македонија да закаже седница за презентација на тезите на кандидатот, согласно воспоставената пракса.

– Пред еден месец Министерството за надворешни работи упати втора замолница до истата комисија, но претседателот на комисијата повторно одби да закаже седница, по што претседателот Пендаровски го потпиша указот, затоа што сите законски услови беа исполнети, појаснуваат за МИА од Кабинетот на шефот на државата.

Според Кабинетот, постапката за именување амбасадор завршува со одбраната на тезите на кандидатот пред колегиумот на Министерството за надворешни работи, а тоа, подвлекуваат, Фрчкоски го има направено уште минатата година.

– Индикативно е што во изминативе десетина месеци, на осум кандидати за амбасадори им беше овозможено да ги презентираат своите тези пред собраниската комисија, само за кандидатот за амбасадор при нашата мисија во Обединетите Нации таква седница воопшто не беше закажана, велат за МИА од Кабинетот на претседателот Пендаровски. 

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување на јавното мислење во Македонија и Грција: Договорот од Преспа останува чувствителна тема за двете страни

Редакција

Еден клинички центар без економски директори, најави министерот Меџити

Редакција

Во Собранието се најавува расправа за автентично толкување на Законот за помилување

Редакција