еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Еден клинички центар без економски директори, најави министерот Меџити

Министерот за здравство Фатмир Меџити очекува од јануари наредната година да функционира еден клинички центар, најверојатно со еден генерален директор, со што би се укинале организациските директори на одделните клиники.

„Од првиот ден работам напорно за овој проблем и тој проблем ми е најгорливата мака што сакам да го решам како кабинет, како Министерство да го решиме, еднаш засекогаш да се постават работите како што треба на Клинички и да функционира многу полесно, поадекватно и поефективно да биде.

Информацијата е готова, во договор со Фондот за здравство осигурување, значи почетокот на годината после новата годна и сите пресметки се прават, тогаш и најверојатно се очекува, значи од 1 јануари 2024 да почне да функционира еден клинички центар со генерален директор или како ќе бидат модалитетите за тоа ќе се договориме,“ одговори министерот на новинарско прашање, по презентацијата на „Мое здравје“.

Тој истакна дека целта е пациентите да добиваат подобра здравствена услуга, а и здравствените работници да функционираат полесно.

На новинарско прашање дали тоа значи дека ќе се укинат организациските, или познати и како економски директори, тој одговори потврдно.

Министерот смета дека тогаш ќе се набавуваат работите количествено и со поевтина цена и ќе има подобра соработка меѓу клиниките.

Ако се стремиме на тој пат, да одиме кон Европската Унија, како што посочи Меџити, немаме друг пат, „мора ова да се направи еднаш засекогаш здравствено да функционира како што треба“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Катерина Колариќ, новиот обвинител во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција

Редакција

ЕУ: На маса е финален компромис кој треба да биде прифатен од двете страни

Редакција

Филипче за најтешката форма на корона вирусот: Ги напаѓа сите органи, крвта и предизвикува распад на ткивото на белите дробови

Редакција