еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

ЕУ: На маса е финален компромис кој треба да биде прифатен од двете страни

По најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека е уверен оти е постигнат добар компромисен договор за Бугарија и Македонија, од Советот во ЕУ ги поздравија неговите напори, јави дописничката на МИА од Брисел.

Како што објаснуваат високи дипломатски извори за новинарите во Брисел попладнево на маса е сега ставен „финален компромис кој одговара на преокупациите што ги изразија Бугарија и  С.Македонија“.

– Ако предлогот биде прифатен ова ќе овозможи исчекор за кој ЕУ работи веќе две години, изјави висок дипломатски извор за новинарите во Брисел.

Тој рече дека ЕУ го поздравува ангажманот на француското претседателство да се постигне заеднички прифатливо решение за отворањето на преговорите со Македонија.

Доколку двете страни го прифатат предлогот веднаш ќе може да се усвои преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ за Македонија, но и за Албанија, по што ќе може и да се свикаат првите меѓувладини конференции.

Од ЕУ потсетуваат дека ставот на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, е дека иднината на Западниот Балкан е во ЕУ.

– Овој предлог е резултат на активен ангажман за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение и одговарање на преокупациите на двете страни, велат дипломатите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Пристигна предлог од француското претседателство

Макрон од Мадрид: Најдовме решение за Македонија и Бугарија

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов Зеланд стигна и до укинување на социјалната дистанца

Редакција

„Вештачкиот дожд“ помага во Куманово и Кавадарци – Скопјани нека си седат дома кога е загадено

Редакција

Комисијата за заразни болести препорачува изолација на суспектни случаи со мајмунски сипаници

Редакција