еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Нов Зеланд стигна и до укинување на социјалната дистанца

Нозеландската премиерка Џасинда Ардем денеска изјави дека веќе од следната недела можно е да бидат укинати сите мерки на физичка (социјална) дистанца, за да може земјата да се врати во нормалниот живот, но не и оние мерки поврзани со отворање на границите.

Ардем завчера најави дека во понеделник ќе го разгледа прашањето дали земјата е подготвена да се врати на првото ниво на тревога, повеќе од два месеци откако беше воведено четвртото ниво на карантин, поради епидемијата на коронавирусот.

Таа рече дека во понеделник ќе анализира дали укинувањето на ограничувањата, кога станува збор за собирите, доведе до зголемување на бројот на случаи, пренесуваат британските медиуми.

– Ако не е, тогаш ќе бидеме во добра позиција да продолжиме натаму, рече Ардем.

Веќе 12 дена по ред нема нови пријавени случаи на коронавирус во Нов Зеланд.

Досега беа регистрирани 1.504 пациенти и 22 смртни случаи.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина криела информации за Ковид-19, откриваат тајни снимки на СЗО

Во Вухан, каде почна епидемијата на Ковид-19 за половина месец истестирани 11 милиони жители

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска облачно и врнежливо, во среда краткотрајна стабилизација

Редакција

Во Косово, маслото за јадење чини 3,50 евра за литар

Редакција

Вкупно 2.966: Од Ковид-19 починаа 7 лица

Редакција