еМагазин
Image default
Бизнис

Тиквеш лани работел со добивка

Во текот на минатата година Тиквеш АД Кавадарци остварил вкупни приходи од продажба во износ од 1,941 милиони денари, што е зголемување од 29% во однос на 2020 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

“Зголемувањето на приходите се должи на зголемени приходи генерирани од домашниот пазар за 27% и од странските пазари за 31%.

Зголемените трошоци за продажба и маркетинг за 22% и останатите оперативни расходи за 36% резултираа со оперативна добивка од 183,2 милиони денари.

Финансиските расходи се зголемија за 13 милиони денари.

Остварена е нето добивката од редовното работење пред оданочување во износ од 166 милиони денари и нето добивка по оданочување во износ од 144,4 милиони денари“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) ВВ „Тиквеш“ свечено ги закрои лозјата во чест на Св. Трифун и најави три нови врвни вина

(Фото) Се одржа фестивал на младо вино на Тиквеш: Да наздравиме за посреќна иднина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе поднесе нов: Владата го повлече законот за легализација на дивоградбите

Редакција

Бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот за три денари по литар

Редакција

Кај дел од фирмите кои ја злоупотребија државната помош извршена присилна наплата

Редакција