еМагазин
Image default
Локално

Кривични пријави за татко и син од Дебар поради напад на полицајци

Двајца жители на Дебар, татко и син, заработија кривични пријави за физички напад врз полициски службеници.

„Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против У.Ј.(55) од Дебар, како и против Е.Ј.(18) од Дебар, за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни равботи од Охрид.

Додаде дека тој на 5 август во 17:15 часот, на главната улица во градот „Братство Единство“ Е.Ј. откако бил сопрен со мопед, одбил да ги даде личните и возачките документи на полициските службеници.

„Наспроти тоа започнал вербална расправија со полициски службеници кои вршеле контрола во сообраќајот. По кусо време, во вербалната расправија се вклучил и У.Ј. кој агресивно се однесувал кон полициските службеници, а потоа и физички ги нападнал“, посочи Димоски.

Низ улиците во градот не е мал бројот на млади кои се движат со мопеди и со голема брзина, кои и во текот на ноќта ги вознемируваат жителите на градот со бучавата што ја создаваат.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца малолетници силувале друг малолетник, му се заканиле и го ограбиле

Редакција

Рибар „уловил“ граната

Редакција

Бизарен случај во Тетово: Пукал откако со задоцнување приметил дека возилото му е оштетено во сообраќајка

Редакција