еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Кризата поминува, работници во угостителството нема, велат од Синдикатот на угостителство и туризам

Ситуацијата во угостителскиот сектор, што го доживеа најголемиот удар за време на пандемијата е алармантна. На компаниите од угостителството и туризмот им недостигаат 50 проценти од потребниот кадар, пред сè келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи, покажуваат резултатите од интерната анкета која била спроведена од една од коморите, информира Синдикатот на угостителство и туризам (СУТКОЗ).

Од Синдикатот велат дека предупредиле уште на самиот почеток на здравствената криза дека оние работодавци кои не ги почитуваат работниците и ја злоупотребуваат состојбата нема да бидат толерирани.

– Сведоци сме како работодавците од овие сектори бараат работници и се жалат, па им порачуваме на тие газди сами да си работат или да им се извинат на работниците, да ги вратат и платат согласно работното место кое го работат со коефициентите за плата пропишани во Колективниот договор за угостителство и туризам, за да се спаси туристичката сезона, велат од Синдикатот за угостителство и туризам.

Според податоците на СУТКОЗ, од почетокот на кризата некои податоци говорат дека од четири илјади до 20 илјади вработени го напуштиле угостителскиот сектор.

СУТКОЗ ги охрабрува вработените во овие сектори да ги пријават сите прекршувања на работничките права до СУТКОЗ и ССМ, со цел навремена интервенција.

МИА/Фото: Photo by Louis Hansel on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре ќе се замрзне цената на оризот и јајцата

Редакција

Намален бројот на работниците во индустријата

Редакција

Кромидот поскап за 10 денари, доматите и краставиците максимум до 95, леќата 110 денари: Корегирани цените на овошјето и зеленчукот

Редакција