еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кризниот штаб го усвои предлогот да се укинат маските во основните училишта и сертификатите во отворените делови на угостителските објекти

Главниот координативен кризен штаб за справување со Ковид-19 (ГККШ) на денешната седница одлучи да ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и на Владата да ѝ предложи измена на одлуката со која учениците во основните училишта ќе можат да посетуваат настава без маски, освен ако ученикот по сопствена волја не бара да носи заштитна маска.

За наставниците и останатите вработени во училиштата останува препораката за носење маски.

ГККШ, како што информираат од владината прес-служба, донесе заклучок до Владата да ја достави и препораката за физичко присуство на наставата на факултетите, со силен апел за вакцинација и на студентите и на образовниот кадар.

На оваа своја седница ГККШ одлучи да ѝ предложи на Владата да ја измени одлуката за максимална исполнетост на капацитетите во затворен простор од досегашните 50 отсто да се зголеми на 75 отсто со задолжително носење заштитни маски и почитување на останатите протоколи за заштита од ковид.

На денешната седница е прифатен и заклучокот на Комисијата за заразни болести, Владата да го укине делот од протоколот за угостителските објекти со кои се бара сертификат за вакцинација за отворените простори на локалите, додека за затворените делови останува обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или за прележаност од Ковид-19.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вицепремиерката Грковска повика Османи да каже дали Бесмира Ејупи е вработена во МНР

Редакција

Виз ер и ТАВ Македонија најавуваат експанзија со нови авиолинии и шести авион во базата на Скопскиот аеродром

Редакција

Народна банка: Новоодобрените кредити во јануари со просечна каматна стапка од 5,07%

Редакција