еМагазин
Image default
Локално

Крвава пресметка меѓу 85-годишна кумановчанка и нејзиниот 61-годишен син

Кумановец пријавил дека неговата мајка го нападнала со остар предмет. Лекарите констатирале телесна повреда кај него и тешки телесни повреди кај неговата 85-годишна мајка, соопшти денеска СВР Куманово.

„Вчера во 16:52 часот во СВР Куманово, Н.С.(61) од Куманово пријавил дека во неговата семејна куќа на улица „Белановска“ со остар предмет бил нападнат од неговата мајка В.С.(85).

Во Општата болница Куманово кај пријавителот Н.С. била констатирана телесна повреда, додека кај В.С. биле констатирани тешки телесни повреди“, информираа од СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кичевчани ги малтретирале своите деца, женското го присилувале на проституција

Редакција

Затвореник од Идризово дома ѝ ја запалил облеката на сопругата и си заминал со децата

Редакција

Правничка по наредба на директорка предвремено отпуштила негователка

Редакција