еМагазин
Image default
Да помогнеме

„Куќа на среќата“ февруари го посветува на собирање донации за предвреме родените бебиња

Куќа на среќата апелира да се започне месецот на љубовта и виното со хуманост и овој февруари го посветуваат на предвремено родените деца сместени во детската клиника и нивните родители.

„И тогаш кога ќе им се исполни животната желба да станат родители, се соочуваат со една борба, борба за живот на нивното бебе. Опкружени со апарати, под стакло, со страв дали ќе преживее или не, но со сила и верба во нив ги имаме родителите кои се немоќни да направат било што.

На детската клиника во Скопје имаме (+ – ) 10 бебиња кои се предвремено родени, бебиња кои се борат за живот, се борат да бидат со мама и тато. Родителите не можат да бидат со нивните најмили и се одделени од нив, секој ден се јавуваат и прашуваат како е нивното бебе, со надеж дека што побрзо ќе добијат информација дека повеќе неговата состојба е подобрена, дека мрдна со нозете, дека мрдна со рацете, дали…

Ајде да бидеме поддршка на овие родители и да спремиме подароци за нивните најмили. Овие родители редовно на клиника носат пелени, влажни марамици, пудра за бебиња, креми… Тие кои што не се од Скопје исто така доаѓаат за да ги донесат тие работи што им е дополнителен трошок.

Секоја ваша донација е добродојдена. Собираме: пелени број 0 или 1, тетра пелени, влажни марамици, средства за хигиена – бебешки шампони, купки, креми, цуцли шишиња…

Можете доколку сакате да спремите пакетче со порака за некое бебе. Новогодишните пакетчиња да ги замениме со наменски пакетчиња. Да не ги заборавиме и овие деца најголемите борци од мали нозе.

Сите кои сакате да донирате можете да ни пишете во порака или контактирате на бројот на здружението 071 216 965 за да се договориме за локацијата каде може да ја оставите донацијата.

Собираме и донираме до 10ти февруари.

За тие кои што сте од Карпош, Тафталиџе или тој дел ви е поблиску, вашите донации можете да ги оставите во Frizersko Studio „Marina Lea”, кое ги отвара своите врати за сите хумани срца кои сакаат да се вклучат во оваа акција.

За тие што не сте од Скопје или сакате да донирате со online нарачки донациите можете да ги доставите на следнава адреса: Здружение на граѓани Куќа на среќата, улица „Душко Поповиќ“ 33/2 Бутел, Скопје.

Доколку сакате да се вклучите во собирањето на донациите или на било каков начин пишете ни во порака.

Да споделиме радост, да споделиме љубов, да споделиме среќа,“ се вели во апелот.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските и словенечките стопанственици со апел за поддршка на Словенија

Редакција

Да помогнеме: На Билјана Лазова ѝ недостасуваат уште 1.000 евра за операција, која се одложува заради недостиг на средства

Редакција

Се собираат средства за лекување на пејачот Момо Николовски

Редакција